24 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoldman Sachs укинува 10 отсто од работните места во тргувањето

Goldman Sachs укинува 10 отсто од работните места во тргувањето

goldi 3353

Инвестициската банка Goldman Sachs во првиот квартал од годината има намера да укине 10 отсто, или околу 250 работни места во одделот за продажба и тргување со производи со фиксни приноси, објави Wall Street Journal.

Банката обично годишно го намалува бројот на работни места за пет отсто, но оваа година подготвува поостри резови во одделот кој се занимава со тргување со долгови, валути и стоки, наведува весникот, повикувајќи се на извори запознаени со состојбата.

Reuters неодамна објави дека конкурентската банка Morgan Stanley планира да укине 25 отсто од работните места во одделот за фиксен принос.

Од Morgan Stanley  соопштија дека во декември за отпремнини ќе потрошат 150 милиони долари, што ќе ги покрие трошоците за затворање на 1.200 работни места ширум светот, вклучително и 470 вработени во централната канцеларија на одделот за фиксни приноси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП