11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWizz Air задоволен од постигнатото во 2015-та

Wizz Air задоволен од постигнатото во 2015-та

wizz-air111

Најголемата нискобуџетна авиокомпанија во централна и источна Европа,Wizz Air во четвртокот соопшти дека направи големи чекори во 2015 година и се етаблирала како еднa од најдобрите компании за понуда на ниски цени за авио превоз.

Како поважните настани за 2015 година од компанијата ги издвојуваат успешното вклучување и котирање на Лондонската берза, Визеровото ребрендирање, рекордната набавка од Ербас на шоуто кое го направи на Paris AirShow како и пуштањето  во употреба на првиот A321 – првата авиокомпанија во Европа која поседува авион со 230 седишта.

Авиокомпанијата до крајот на минатата година спроведе летови до 118 дестинации во 38 земји со повеќе од 400 рути, со што на крајот на 2015 година, Wizz Air оперираше со 81 нова рута, а веќе најави и 32 нови рути за 2016 година.

Wizz Air превезе 19 милиони патници во 2015 година, што значи 3.2 милиони патници повеќе во споредба со календарската 2014 година. Wizz  додаде 11 нови Ербас авиони и овозможи околу 400 дополнителни работни места, на постоечките  2,600 вработени.

Wizz Air во моментов нуди 25 рути кон 23 дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром. Во Македонија земја во 2015 година се превезени 794,946 патници, што значи зголемување од 37 отсто во однос на претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП