28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајбезбедните автомобили на пазарот за 2015-та (фото+видео)

Најбезбедните автомобили на пазарот за 2015-та (фото+видео)

kras 00000

Независната европска организација „EuroNCAP“ објави листа со најбезбедните автомобили за 2015-та година. Рангирањето е направено според краш тестовите, така што беа претставени победниците во вкупно 8 категории.

kras 01

Во сегментот на големите теренци титулата оди кај новата генерација „Volvo XC90“. Шведскиот автомобил беше подобар од моделите како „Аudi Q7“, „BMW X5“ и „Porsche Cayenne“, регистрирајќи извонредни резултати во четирите категории – 97% за заштита на возрасните во кабината, 87% за заштита на децата во кабината, 72% за заштита на пешаците и цели 100% за сериските технологии за асистенција.

Тоа е и возилото со најдобри резултати од сите тестирани модели до овој момент. Машините како новите „BMW 7-Series“ и „Mercedes-Benz S-class“ сепак не се подложени на испитувања на „EuroNCAP“.

kras 02

Кај помалите „SUV“ автомобили лидер е „Mercedes-Benz GLC“. Тој регистрира 95, 89, 82 и 71 проценти во одделните категории на тестови.

kras 03

Во сегментот на луксузни седани титулата „најголем безбеден“ ја добива „Jaguar XE“. Британскиот конкурент на „BMW 3-Series“, „Audi A4“ и „Mercedes-Benz C-class“ забележа резултати од 92, 82, 81 и 82 проценти во одделните категории на тестови.

kras 04

Кај компактните хечбеци победник е „Infiniti Q30“, кој на пазарот се натпреварува со „Mercedes-Benz A-class“ и „BMW 1-Series“. Јапонскиот автомобил според резултатите од тестовите има 84, 86, 91 и 81 проценти.

kras 05

Најбезбедниот мал автомобил е „Honda Jazz“, станува јасно од пораката на „EuroNCAP“. Функционалниот хечбек бележи резултати, кои обично се својствени за возилата од повисоките ценовни сегменти. Цели 93% е показателот во категоријата „Заштита на возрасните во кабината“, 85% при „Заштитата на децата во кабината“, 73% при „Заштитата на пешаците“ и 71% за „Сериските технологии за асистенција“.

kras 06

Лидер во безбедноста во сегментот големите комбиња е „Ford Galaxy“. Тој забележа резултат од 87, 87, 79 и 71%.

kras 07

При „траилерите“ најголема безбедност нуди „VW Touran“, регистрирајќи 88, 89, 71 и 76%.

A005_C001_0827RH

За безбеден мал спортски автомобил е прогласен кабриолет „Mazda MX-5“. Новата генерација на јапонскиот култен модел на тестовите забележа резултати од 84, 80, 93 и 64%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП