26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјите кои трошат најмногу за проституција

Земјите кои трошат најмногу за проституција

prostitutki 334

Лидер во ова рангирање е Шпанија, каде што според истражувањето по глава на жител се троши 372 долари. Зад неа се Швајцарија, Јужна Кореја, Германија и Јапонија, објави „Metro“.

Во топ 10 се наоѓаат уште Бугарија, Тајланд, Тајван, Ирска и Израел.

Истражувањето опфатило 196 земји во светот, а во 50 од нив „најстариот занает“ е легализиран.

Според податоците во светот има 13,8 милиони проститутки. Најмногу ги има во Кина – 5 милиони, проследени од Индија и САД со соодветно 3 и 1 милиони проститутки.

Вкупните приходи од проституција на глобално ниво е еднакво на 186 милијарди долари.

Податоците на „Havocscope“ покажуваат дека приходите во Кина се најголеми и изнесуваат 73 милијарди долари. Следат Шпанија и Јапонија со 26,5 и 24 милијарди долари, како и Германија, каде професијата е легална со 18 милијарди долари.

Во истиот извештај покажува дека приходите кај нашиот источен сосед се 1,3 милијарди, што е повеќе отколку во Холандија, каде што проституцијата е легална (800 милиони долари) и од Италија со нејзините 600 милиони долари.

rang prosti

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП