19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСледи катаклизма: Вложувајте во обврзници и домашни валути!

Следи катаклизма: Вложувајте во обврзници и домашни валути!

berza 33530056

Кралската банка на Шкотска ги предупреди своите клиенти да бидат подготвени за „катаклизмична година“ и затоа своите пари од ризични акции да ги вратат во безбедни државни обврзници, но и да се воздржат од задолжувања.

Опасни кредити

„Продадете се освен квалитетните обврзници. Станува збор за поврат на капитал, а не за враќање на капиталот“, оцени тимот на банката.

Аналитичарите на „RBS“ оценуваат дека пазарите се однесуваат исто како пред кризата во 2008-ма година, дека Кина предизвика голема „лавина“ со своите корекции и дека го зголемува долгот со неверојатна брзина.

„Акциите и кредитите станаа многу опасни, а ние во последните две години дури започнавме да се опоравуваме“, вели Ендру Робертс, главен аналитичар на банката.

Тој предупредува дека глобалната трговија и обемот на кредити се намалуваат, што е „лош коктел за корпоративните биланси и заработката од акции“. Се предвидува дека европските акции и акциите на Волстрит ќе паднат за 10-20 проценти во оваа година, а лондонските индекси се уште пониски.

„Сите кои вложуваат во нафта и рударските компании и сметаат дека добивката од нив е загарантирана ќе откријат дека тоа воопшто и не е така безбедно вложување“, истакнува Робертс.

„Нафтата ќе падне на околку 26 долари по барел, па во еден момент ќе достигне ниво од 16 долари. Нашите прогнози се дека тоа нема да се случи оваа година, но и не така далеку. Цената на нафтата ќе паѓа со падот на глобалната побарувачка и нема да има место за складирање на залихите“, заклучува Робертс и додава дека ризиците кои досега го погодуваа пазарот ќе се засилат во 2016-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП