29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците имаат буџетски суфицит кој итно го вложуваат

Германците имаат буџетски суфицит кој итно го вложуваат

sojble-volfgang

Германија во 2015-та забележа поголем буџетски суфицит отколку што се очекуваше и планира да го искористи за покривање на трошоците од приливот на бегалци.

Германија така во 2015-та оствари буџетски суфицит од 12,1 милијарди евра, благодарејќи на поволниот економски тренд, објави министерството за финансии.

Во ноември вишокот се проценува на 6,1 милијарди евра.

„Тие пари итно ќе ни бидат потребни за финансирање на дополнителните трошоци за сместување и интеграција на бегалците“, вели германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Првично, Берлин за покривање на трошоците од бегалската криза „стави на страна“ пет милијарди евра. Минатата година во Германија беа регистрирани 1,1 милион баратели на азил, меѓу кои речиси 40 проценти се бегалци од Сирија.

Според податоците на министерството, буџетските расходи изнесуваа во минатата година 299,3 милијарди евра, што е 2,6 милијарди евра помалку, отколку што се очекуваше.

Приходите пак изнесуваа 311,4 милијарди евра или 4,5 милијари повеќе, отколку што прогнозираше владата. Даночните приходи ги надминаа очекувањата за 1,6 милијарди евра и инесуваа 281,7 милијарди евра.

Министерството соопшти дека, мерено со уделот на бруто домашниот производ (БДП), основниот или структурен вишок изнесува 0,1 отсто.

Министерот Шојбле напомена дека ниту оваа година не сака дополнително задолжување, доколку тоа биде возможно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП