4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСензација во Детроит: Lexus LC500 (фото+видео)

Сензација во Детроит: Lexus LC500 (фото+видео)

leksi 000

„Lexus“ го изненади автомобилскиот свет, откако на саемот во Детроит претстави целосно ново купе под името „LC 500“. Моделот е подготвен за сериско производство и ќе се претвори во нов предводник на брендот.

leksi 001

Суперавтомобилот „LC 500“ треба да го покаже правецот во кој ќе се развиваат моделите на јапонскиот производител. Тој е изграден по мотивите на концептот „LF-LC“ кој „Lexus“ го демонстрираше на некои од последните големи автомобилски саеми.

leksi 002

Автомобилот добил голема решетка на ладилникот, врвни „LED“ фарови, долг капак, покрив кој може да биде од стакло или карбон, активен заден спојлер и задни светла во форма на буквата „L“. Клиентот може да избере помеѓу 20 и 21- инчни алуминиумски тркала.

leksi 004

Димензиите на „Lexus LC 50“ се должина од 4760 мм, ширина од 1920 мм и висина од 1345 мм. Растојанието помеѓу двете оски е 2870 мм. Тоа е првиот модел на брендот, изграден на новата шасија за автомобили со заден пренос „GA-L“ (global architecture for luxury vehicles).

Возилото е управувано од 5,0-литарски V8 со моќност од 467 КС, кој е познат од моделите „RC F“ и „GS F“. Моторот се комбинира со целосно нов 10-брзински автоматски менувач, што овозможува забрзување од 0 до 96 километри/час (60 mph) за 4,5 секунди.

leksi 005

Ентериерот на моделот е со 4 седишта, а во опремата влегува мултимедијален комплекс од нова генерација, аудио „Pioneer“, како и систем за безбедност „Lexus Safety System +“.

Кога сепак ќе започнат со продажбата на моделот и колку ќе чини тој, се уште не е објавено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП