26 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle отвори свој оддел за развој на виртуелната реалност

Google отвори свој оддел за развој на виртуелната реалност

gugi 3335

„Google“ се приклучи на виртуелната реалност со свој оддел кој ќе развива апликации за оваа технологија, соопштува интернет изданието „Re/Code“. На прв поглед компанијата заостанува зад своите конкуренти како „Facebook“ и „Microsoft“, кои подолго време веќе активно развиваат во овој сегмент.

Всушност, „Google“ исто така има случувања во сферата на виртуелната реалност, на пример додатокот „Cardboard“. Изгледа „Google“ веќе има јасна насока каде да продолжи во овој сегмент.

Со новиот оддел ќе управува Клеј Бејвер кој досега раководеше со „Google Apps“, односно „Gmail“, „Drive“, итн. Тој го раководел и проектот „Cardboard“, а сега ќе се фокусираат целосно на виртуелната реалност. „Google Apps“ пак минува под раководство на Диан Грин.

Таа ќе продолжи да одговара и за продажбата на облачни услуги и продажба на корпоративни апликации. Желбата на „Google“ е и двата оддели да почнат да носат многу поголеми приходи.

„Google“ ги потврдува промените во компанијата, но очекувано не коментира за идните планови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП