17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLufthansa превезе рекорден број на патници во 2015

Lufthansa превезе рекорден број на патници во 2015

strajk lufthanza 23

Германската авиокомпанија „Lufthansa“ во 2015 година превезе рекорден број на патници, и покрај штрајковите на нејзините пилоти и кабинскиот персонал поради спор со управата за платите и програмата за предвремено пензионирање.

Авиокомпаниите од групацијата „Lufthansa“ минатата година превезле 107,7 милиони патници, што е нов рекорд, се наведува во соопштението на германската компанија, пренесува агенцијата Франс прес.

Овие податоци се за 1,6 проценти повисоки во однос на податоците од 2014 година, наведува француската агенција, и потсетува дека во сопственост на „Lufthansa“ се авиокомпаниите „Austrian Airlines“ и „Swiss International Air Lines“, како и нискобуџетната „Germanwings“.

Од „Lufthansa“ соопштија дека минатата година се реализирани повеќе од милион летови, за 0,2 проценти повеќе во однос на 2014 година и дека е достигната највисоката стапка за пополнетост на капацитетите од 80,4 проценти.

Групацијата „Lufthansa“ значително инвестира и во унапредувањето на сопствените понуди и услуги во изминатите неколку години, се наведува во соопштението на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП