26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАEвропа најде замена за Русија: Сакаат гас од Египет

Eвропа најде замена за Русија: Сакаат гас од Египет

gas 335

Европскиот комесар за енергетика, Марош Шефчовиќ, изјави дека Европа може да увезува гас од новооткриените наоѓалишта во источниот Медитеран.

Како што наведе, европскиот континент се обидува да ја прошири понудата и да ја подобри енергетската безбедност.

Шефчовиќ вели дека прелиминарните проценки на капацитетите на гасни наоѓалишта во источниот Медитеран се „многу ветувачки“, и дека постои очигледен потенцијал за извоз.

Тој додаде, неодамна откриеното наоѓалиште Зор, во близината на брегот на Египет, според некои проценки содржи доволно гас да ја задоволи годишната енергетска потреба на Европа од 400-500 милијарди кубни метри во период од осум години.

Европската унија, според неговите зборови, го доживува Средоземното море како „порта“ за потенцијална рута за да ја снабдува Европа со гас.

Италијанскиот енергетски гигант „ENI“, кон крајот на летото објави дека го открил најголемото поле со природен гас во Средоземното море во територијалните води на Египет.

Тоа поле би можело да претставува потенцијал од 850 милијарди кубни метри природен гас, на површина од 100 квадратни километри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП