7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовото спортско купе на Infiniti (фото+видео)

Новото спортско купе на Infiniti (фото+видео)

q60 00

Атрактивниот концепт „Infiniti Q60 Coupe“ кој го видовме минатата година во Женева, веќе е сериски модел. Премиерата се одржа на овој модел се одржа на саемот во Детроит, САД.

q60 01

Луксузното спортско купе се обложува на познатиот динамичен дизајн на брендот „Infiniti“, а всушност „Q60 Coupe“ е базиран токму на „Q50“, кој претставува негова верзија со две врати.

q60 02

Јапонскиот модел што се споменува за конкурент на моделтите, како „BMW 4-Series“, „Audi A5“, „Lexus RC“ и „Mercedes-Benz C-Class“, може да се пофали со водечки во сегментот коефициент на влечење – едвај 0.28. Ова е постигнато преку редица аеродинамични елементи на каросеријата, како и преку активната решетка, чии ламели се отвораат и затвораат автоматски во зависност од потребното ладење.

q60 03

Моделот кој беше претставен го има новиот 3.0-литарски V6 мотор со би-турбо. Тој е од семејството „VR“ и се нуди во две модификации. Првата развива 305 КС и 400 Nm, а троши во просек по околу 10 л/100 км, покажува информацијата. Кај втората показателите достигнуваат 405 КС и 475 Nm, а просечната потрошувачка е околу 10,7 л/100 km.

q60 04

За „Infiniti Q60 Coupe“ ќе биде достапен и помал бензински мотор. Тој е познат од голем број модели на јапонската марка, а има волумен од 2,0 литри и развива 211 КС. Во Европа најверојатно ќе биде достапен и дизел агрегат со зафатнина од 2,0 литри, како и хибриден мотор, познат од „Q50“.

Сите мотори ќе се нудат со 7-брзински автоматски менувач, кој ги придвижува задните тркала. Достапен е и систем 4х4.

q60 05

Меѓу иновациите кај „Infiniti Q60 Coupe“ е управувачкиот систем без механичка врска меѓу воланот и тркалата. Неговата прва генерација се појави кај седанот „Q50“, а сега ја гледаме и кај неговата втора генерација. Технологијата обезбедува уште повеќе директно управување, а има и неколку режими на работа – „Standard“, „Snow“, „Eco“, „Sport“, „Sport +“ и „Customize“ (индивидуален), велат од јапонската компанија.

q60 06

Во стандардната опрема на моделот исто така присуствува и електронската суспензија „Dynamic Digital Suspension“ што според информациите му обезбедува на „Q60 Coupe“ да биде водечки во сегментот удобност и стабилност.

q60 07

Автомобилот ветува дека ќе биде водечки и споредт комфорот во кабината, а од „Infiniti“ нагласуваат дека инженерите посветиле посебно внимание на овој индикатор. Тркалата и амортизацијата се конструирани со цел да има минимална бучава и вибрации, така што е користен и активен систем за намалување на бучавата во кабината.

Дополнителни детали недостасуваат, но станува јасно дека моделот има богата стандардна опрема. Меѓу опциите пак присуствува системот на „Bose“ со 13 звучници, кој го има своето деби токму во кабината на „Q60 Coupe“.

Продажбата на „Infiniti Q60 Coupe“ ќе стартуваат подоцна оваа година, а пак европската премиера ќе се одржи во Женева во март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП