3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАmazon ги зголемува своите амбиции

Аmazon ги зголемува своите амбиции

Amazon_echo

„Amazon.com“ покажува уште поголеми амбиции да стане конкурент на технолошките гиганти и за таа цел започна нов модел на својот дигитален асистент „Echo“. Се очекува компанијата да претстави помала верзија на уредот кој им помага на корисниците во нивните секојдневни задачи.

Новиот „Echo“ ќе е помал во големина од неговиот претходник, кој исто така примаше гласовни команди.

Одот го нагласува изненадниот успех на „Echo“, кој се појави на пазарот во ноември 2014-та година, тврдат извори запознаени со плановите на компанијата.

Уредот што претстои да излезе, е со кодирано име „Fox“. Тој ќе може да одговара на прашања, да создава листи за шопинг, да пребарува корисни информации, да пушта музика и дури да го гаси светлото во домот по приемот на команда.

Се очекува „Fox“ да се продава по пониска цена од „Echo“, кој чини 180 долари. Потегот е дел од обидите на „Amazon“ да привлече повеќе корисници.

Она што првично започна како забавен експеримент за говорна активација и собирање на податоци за однесувањето на потрошувачите, стана стратегија која може да предизвика повеќе луѓе да влезат повторно и повторно во веб-страницата на компанијата за трговија на мало, коментира „Wall Street Journal“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП