9 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗИдниот водороден кросовер на Audi (фото+видео)

Идниот водороден кросовер на Audi (фото+видео)

Rupert Stadler, Chairman of the Board, Audi AG (R), points to Capt. Gene Cernan, the last man to walk on the Moon (L), as he introduces the Audi h-tron Quattro concept car at the North American International Auto Show in Detroit, Michigan January 11, 2016.  REUTERS/Rebecca Cook - RTX21UXX

„Audi“ го претстави концептниот кросовер „h-tron Quattro“ кој како гориво користи водородни клетки. Премиерата на моделот се одржа на автосалонот во Детроит.

Димензиите на возилото се должина од 4880 мм, ширина од 1930 мм и висина од 1540 мм. Коефициентот на влечење е сведен на само 0.27, а за подобрување на аеродинамичките индикатори традиционалните странични ретровизори се заменети со камери.

h-tron 01

Прототипот е опремен со сосема нов моќен агрегат, кој се состои од 330 самостојни горивни ќелии. Блокот литиум-јонски батерии има тежина од 60 кг. и се наоѓа под нозете на патниците.

h-tron 02

Концептот е управуван од два електромотори, лоцирани на предната и задната оска. Нивната моќноста е соодветна на 122 и 190 КС, што овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за помалку од 7 секунди и развивање на максимална брзина од 200 км/ч. Со едно полнење кросоверот може да помине околу 600 километри. Моќност од уште 136 КС е достапна за кратко при максимално забрзување.

h-tron 03

За обезбедување на енергија во кабината помага и соларната батерија сместена на покривот на возилото. Годишно таа може да произведе дополнителни 320 вати, што е еквивалент на околу 1.000 километри од километражата, тврдат од „Audi“.

Во „Audi h-tron quattro“ се користат системи за автономно управување кои ќе дебитираат следната година кај новата генерација на предводникот на брендот „A8“. Прототипот може целосно самостојно да се движи и тоа со брзина до 60 км / ч, а исто така и да се паркира без присуство на возачот.

h-tron 04

Внатрешноста на автомобилот речиси се повторува со таа на електричниот кросовер „e-tron Quattro“ прикажан на саемот во Франкфурт во есента 2015-та година. Концептот добил 3 сензорни дисплеи со „OLED“ технологија, а исто така и волан со сензорна површина и препознавање на гестови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП