3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSnapchat - новиот гигант во областа на мобилното видео?

Snapchat – новиот гигант во областа на мобилното видео?

snapi 33

„Snapchat“ се претвора во гигант во областа на мобилните видеа. Социјалната мрежа им овозможува на корисниците повеќе од 7 милијарди видеа секој ден, тврдат извори запознаени со ова прашање, цитирани од „Bloomberg“.

„Стартапот“, кој има повеќе од 100 милиони корисници на својата мобилна апликација за споделување на видеа и фотографии, кои исчезнуваат наскоро по приемот, станува се поголем конкурент на пазарот, на кој оперира и „Facebook“.

Социјалната мрежа, создадена од Марк Цукерберг, има 1,55 милијарди корисници и над 8 милијарди прегледи на видео содржини во платформата во третиот квартал, а овие податоци ги опфаќаат десктоп компјутерите и мобилните уреди.

Освен тоа „Snapchat“ се натпреварува и со „YouTube“ во сферата на мобилните видеа.

Постои значајна разлика меѓу видеото на „Snapchat“ и „Facebook“ – корисниците на „Snapchat“ треба да кликнат на видеото за да го видат, додека „Facebook“ користи автоматско пуштање на видео на вашата листа со вести.

Шенон Кели, портпаролот на „Snapchat“, одбива да коментира во врска со ова прашање.

Зајакнувањето на позициите во сферата на мобилните видеа е добра вест за „Snapchat“ во однос на рекламирањето.

Според податоците на „Emarketer“ потрошени се 7,46 милијарди долари за видео реклами во САД во 2015-та година, што е за 42% повеќе во однос на претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП