30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИContinental ја зголеми профитабилноста до над 11%

Continental ја зголеми профитабилноста до над 11%

continental 33

Германскиот автомобилски снабдувач „Continental“ (Conti) успева да ги зголеми значително трошоците и профитот во изминатата година поради силна побарувачката во Европа и САД, пренесува „Ројтерс“.

Приходите се зголемуваат за 14 отсто до 39,2 милијарди евра, објави компанијата. Чистата добивка пред оданочување и камати се зголемува за речиси 12 отсто до 4,4 милијарди евра.

Растот на пазарите во Европа и САД помогна да се компензира падот во Кина и рецесијата во Русија и Бразил, објави извршниот директор на компанијата Елмар Дегенхарт во рамките на автомобилскиот саем во Детроит. Исто така големо влијание има и позитивниот монетарен ефект, предизвикан од слабоста на еврото во однос на доларот.

Во тековната година „Continental“ има намера да ги подигне приходите за околу 5 отсто до 41 милијарди евра, а профитабилноста да биде приведена на над 10,5%.

Главните показатели за 2015-та година беа во согласност со очекувањата на аналитичарите анкетирани од „Ројтерс“, но и покрај предвидениот силен раст во изминатата година инвеститорите очекуваа оптимистичка прогноза за тековните 12 месеци. Следствено на тоа акциите на „Continental“ се намалија првично за до 3 отсто, но во текот на трговијата преминаа на позитивна територија.

Бизнисот со електроника, сензори и софтвер кој служи за поврзување на автомобилите и за системите за асистенти и безбедност, играа за добивање посилна улога за компанијата, појасни Дегенхарт во интервју за „Süddeutsche Zeitung“. И во моментов дигитализираните технологии придонесуваат со повеќе од една третина за приходите на компанијата, а менаџерот очекува нивното учество да се зголемува. По 2020-та година пазарот може да достигне 70 милијарди евра, пресметува Дегенхарт.

„Околу 20 милијарди евра од овој износ претставуваат интерес за нас. Може да се замисли во наредните години да завладееме со добар дел од нив“, вели Дегенхарт.

Сепак „Conti“ не се откажува и од традиционалниот бизнис со производство на гуми. Во моментов една четвртина од приходите доаѓаат од таа единица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП