3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC се насочува кон нов правец

HTC се насочува кон нов правец

v.realnost htc

Главниот извршен директор на „HTC“ Шер Ванг во Лас Вегас соопшти дека компанијата може да тргне во нова насока.

Ванг воопшто не изгледаше загрижена за време на „Consumer Electronics Show“ покрај прашањата дали бизнисот на компанијата ќе преживее во 2016-та година. Наместо тоа, таа ги пресретнуваше гостите со насмевка и воодушевување, а причината за тоа е новиот уред на компанијата за виртуелната реалност, наречен „Vive“.

„Виртуелната реалност е нешто за што луѓето зборуваат пред 20, 30 години, во филмови, книги, а најпосле тоа е нешто реално“, коментира таа. „Одамна размислуваме за виртуелната реалност и „HTC“ ја претвори во нешто вистинско“.

Иако на овој пазар, компанијата ќе се натпреварува со големи имиња како „Sony“ и „Facebook“, Ванг е оптимист.

„Со виртуелната реалност технологија станува неограничена“, посочува Ванг, додавајќи дека таа ќе може да се користи во медицината, образованието, науката и дури шопинг.

„HTC“, која е основана во 1997-ма година, е пионер во индустријата за мобилни телефони. Во овој поглед Ванг нагласува дека компанијата е исклучително иновативна. Но на пазарот на паметни телефони ситуацијата не изгледа воопшто добро за „HTC“. До 2012-та година, „HTC“ беше еден од најпознатите производители на смартфони со „Android“. За време на својот врв во 2011-та година таа имаше над 10% удел на пазарот. Денес тој е 1%.

Ванг наведува дека „HTC“ гледа реално на ситуацијата и смета дека треба да го насочи вниманието кон различни сектори, вклучувајќи ја виртуелната реалност и поврзаните преносни уреди. Засега компанијата ќе продолжи да произведува телефони, но за да преживее, ќе треба да го открие својот следен голем производ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП