9 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen претстави хибриден Tiguan (фото)

Volkswagen претстави хибриден Tiguan (фото)

terea vw

„Volkswagen“ претстави теренец верзија на новиот „Tiguan“, опремена со хибриден агрегат. Пред публиката моделот со името „Tiguan GTE Active Concept“ ќе се појави на автосаемот во Детроит кој започнува денеска.

Машината е изградена врз основа на коцептот „Tiguan GTE Concept“ прикажан во есента 2015-та година во Франкфурт. Од прототипот „GTE Active“ се одликува по заштитата на каросеријата, теренските гуми и подобрената геометрија.

terea vw1

Во погонскиот агрегат на „Tiguan GTE Active Concept“ влегува 1,4-литарски бензински мотор со моќност од 150 КС, два електромотори со 54 КС напред и со 115 КС одзади, специјално подготвен „DSG“ менувач за работа со хибриди, како и комплет литиум-јонски батерии со капацитет од 12,4 kW / h.

Вкупната моќност на агрегатот е 225 КС, а со едно полнење на возилото може да измине 928 километри.

terea vw2

При стартување на погонскиот агрегат стартува само задниот електричен мотор. Возачот може самостојно да го вклучи и предниот што го претвора „GTE Active Concept“ во автомобил со 4х4. При овој режим прототипот може да помине 32 километри на електрична енергија, а брзината не смее да надминува 112 км / ч.

Електрониката на „Volkswagen Tiguan GTE Active Concept“ има неколку режими на работа. Два се за движење по стандардни патишта – комфорен и економичен, а три се за теренско – за движење по камења, песок или кал. Одделно има спортски режим, како и режим за движење по снег. Постои и режим, при што батериите се полнат од бензинскиот мотор.

terea vw3

Освен тоа прототипот добил „LED“ светла, специјална боја на каросеријата, дополнителни светлосни елементи на покривот и нов мултимедијален систем „MIB“. Тоа вклучува 9,2-инчен дисплеј со екран осетлив на допир, систем за управување со гестови и функција за интегрирање на мобилни уреди со системите „Android Auto“ и „Apple CarPlay“.

Сериската верзија на втората генерација на „Volkswagen Tiguan“ беше прикажана во есента минатата година во Франкфурт. Во 2017-та година се очекува да видиме и модификација на теренецот со 7 места. Се уште не е јасно кога на пазарот ќе излезе хибридната опција.

terea vw4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП