3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигна долгоочекуваниот модел Redmi 3

Пристигна долгоочекуваниот модел Redmi 3

x 3 model

„Xiaomi“ го претстави долгоочекуваниот модел „Redmi 3“, наследник на еден од најпродаваните модели на компанијата.

Евтиниот уред кој ќе е со цена од околу 107 долари, се одликува со 5-инчен дисплеј и целосно метално тело. Продажбата ќе стартува од 12-ти јануари, а една од најкарактеристичните одлики на смартфонот е неговата голема и издржлива батерија со капацитет од 4.100 mAh.

Во однос на останатите технички карактеристики, „Redmi 3“ ќе се одликува со осумјадрен процесор „Qualcomm Snapdragon 616“, 2 GB RAM меморија и 16 GB внатрешна меморија. Задната камерата на уредот ќе биде 13-мегапикселна, а предната од пет мегапиксели.

Во пракса, ова ќе е првиот паметен телефон од серијата со метално тело произведен од кинескиот производител. Досега уредите на компанијата од серијата „Redmi“ се одликуваа со пластични куќишта.

Моделот „Redmi 3“ нема скенер за отпечатоци, што во одреден степен беше изненадување за аналитичарите.

x 3 model1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП