3 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо подготовка е најдостапен модел на Audi

Во подготовка е најдостапен модел на Audi

auto car audi 33

„Audi“ подготвува најдостапен модел според цената кој ќе биде ориентиран кон младата популација. Компактниот автомобил со 4 места ќе се појави на пазарот во 2019-та година, тврди „Autocar“.

Според информациите прототипот на возилото ќе биде прикажан уште на автосаемот во Париз, оваа есен. Моделот е со должина од 4 метри и ќе биде распореден под „А1“ во палетата на брендот, а негови потенцијални конкуренти ќе бидат „Fiat 500“, „Smart Forfour“ и „Opel Adam“.

Покрај тоа, возилото ќе треба да земе дел од клиентите на електричните „BMW i3“, „Renault Zoe“ и „Nissan Leaf“.

Па така, новиот модел ќе се нуди како со бензински и дизел мотори, така и со целосно електричен погон. Автомобилот со преден погон ќе биде изграден на модернизираната платформа со преден погон „NSF“, на која се изградени „Volkswagen Up“, „Seat Mii“ и „Skoda Citigo“.

Амбициите да изгради компактен градски модел „Audi“ ги најави уште во 2011-та година, кога го покажа концертот „A2“. Две години подоцна компанијата го стопираше проектот, бидејќи беше одлучено тоа да биде целосно електричен автомобил, чија изработка сепак е скапа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП