19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо НовоЛото 7/34 повторно ДО ТРИ ШАНСИ ЗА СЕДУМКА

Во НовоЛото 7/34 повторно ДО ТРИ ШАНСИ ЗА СЕДУМКА

novo

На 13.01.2016 година  во НовоЛото 7/34 , на ТВ Сител во 20 часот ќе се оддржи извлекувањето на броевите од 4 коло за оваа 2016 година. 

Во ова празнично коло Државна лотарија на Македонија повторно, како и во Новогодишното коло, ќе им овозможи на играчите на НовоЛото ДО ТРИ ШАНСИ ЗА СЕДУМКА. Имено,  доколку во првото извлекување не биде постигната добивка со седум погодоци, ќе следуваат второ и трето извлекување, во кои во игра ќе бидат и сите претходно непостигнати категории на добивки .

Ваква шанса веќе еднаш имаа сите играчи, во  Новогодишното коло на НовоЛото 7/34, во кое беа постигнати две добивки од категоријата 6+1. Бидејќи не беше постигната најголемата добивка, СЕДУМКА-та, Државна лотарија на Македонија во третото коло во Новата Година , повторно ќе понуди до три шанси за добивка , на сите свои верни играчи . Уплатата е веќе во тек , а уплатите за ова коло ќе се примаат се до 19ч на 13.01.2016 година. Овој пат своите среќни броеви сите играчи може да ги уплатат и на редовните  НовоЛото 7/34  ливчиња кои важат за редовните кола. Па затоа не чекајте пронаjдете го вашето Среќно Место со знакот на Детелинка и уплатете ги вашите седум среќни броеви . Не испуштајте ја шансата за седумка , чиј износ изнесува околу СЕДУМ МИЛИОНИ ДЕНАРИ , па можеби вие сте првиот НовоЛото милионер во 2016 година .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП