18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите убедливи против Црна Гора

Ракометарите убедливи против Црна Гора

rakometari-mak

Ракометната репрезентација на Македонија забележа сигурна победа 35:28 (19:14), во првиот од двата контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора.

Во СРЦ Кале, селекторот Ивица Обрван им даде шанса на речиси сите играчи (покрај повредениот Филип Лазаров не играа уште Талески, Кукоски, Никола Маркоски и Митревски), а тие му возвратија со добра игра и убедлива победа.

Победата над Црна Гора беше прва за македонските ракометари во подоготвителниот период, откако во претходните две средби ремизираа со Словенија (28:28, 23:23).

Избраниците на селекторот Обрван, од самиот почеток ја контролираа играта, а особено добро играа во финишот на двете полувремиња. Црногорците имаа свои моменти во првиот дел, а во финишот на второто полувреме сигнаа до нагатива од три гола (29:26), но македонските ракометари нивниот налет го одбија со серија 5:1 со која и ставија точка на мечот.

Дејан Манасков со 12 и Кире Лазаров со седум голови ја предводеа Македонија до победата на овој натпревар.

Инаку, Македонија и Црна Гора во понеделник ќе одиграат уште еден меч, но тој ќе биде од затворен карактер. По овј меч се очекува селекторт Обрван да ги објави имињата на играчите кои ќе патуваа на ЕП во Полска.

Македонија првиот меч на ЕП ќе го одигра в петок против селекцијата на Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП