10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGeneral Motors ја проширува својата палета на кросовери

General Motors ја проширува својата палета на кросовери

gm kros 333

Концернот „General Motors“ ќе го прошири својот асортиман на кросовери за да може да одговори на зголемениот интерес на слични автомобили во целиот свет.

За оваа цел, двата главни брендови на концернот – „Chevrolet“ и „Cadillac“, веќе почнаа со преуредување на своите линии. Целта е да бидат ослободени производствени капацитети, кои ќе бидат искористени за идните теренци на марките.

Во „Chevrolet“ сметаат да позиционираат нов модел меѓу „Equinox“ и „Traverse“. На прв поглед ова изгледа речиси невозможно, бидејќи двата теренеци се речиси идентични – разликата во должината им е помалку од 10 см, а палетата на мотори се препокрива во некои од случаите.

Во компанијата сепак нашле решение за проблемот. Па така следниот „Equinox“ ќе биде помал, а идниот „Traverse“ – поголем. Со тоа меѓу нив ќе се ослободи место за нов кросовер, кој ќе биде изграден на платформата на последната генерација на „Cadillac XT5“. Теренецот ќе добие трет ред седишта и со тоа ќе се натпреварува со „Honda Pilot“ и „Toyota Highlander“.

За возврат во „Cadillac“ не ги кријат своите амбиции да го заземат пазарот на премиум кросоверите. „Нападот“ ќе започне со претставување на компактен модел кој ќе треба да ги земе клиентите од „Mercedes-Benz GLA“ и од направениот на истата платформа „Infiniti QX30“.

Покрај тоа, компанијата се подготвува да лансира уште два теренеци – еден со средни димензии и еден кој ќе стане новиот предводник на „Cadillac“. Тој ќе се распореди под луксузниот „Escalade“, кој за возврат треба да биде одвоен во посебен бренд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП