2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКорисниците на Apple уреди во 2015-та потрошиле 20 милијарди долари на апликации

Корисниците на Apple уреди во 2015-та потрошиле 20 милијарди долари на апликации

App Store hits billion downloads

Само за двете недели од 21-ви декември до 3-ти јануари корисниците на „iOS“ потрошиле над 1,1 милијарди долари во онлајн продавницата за апликации на „Apple“, со што поставија историски рекорд, соопшти самата компанија. Во сумата влегуваат, како купувања на апликации, така и купувања на содржина во самите нив.

Освен тоа 1-ви јануари 2016-та година стана и денот со најголем промет во историјата на „App Store“. Корисниците потрошија над 144 милиони долари. Вкупно за 2015-та година корисниците потрошиле во онлајн продавницата над 20 милијарди долари, додава Филип Шилер, потпретседател на „Apple“ и шеф на глобалниот маркетинг на компанијата.

Од 2008-ма година па досега, „App Store“ има генерирано речиси 40 милијарди долари само за програмерите на апликации. Една третина од износот е само од минатата година, што покажува дека интересот за мобилните апликации продолжува да расте. Ова ги зголемува не само приходите за програмерите, туку и создава нови работни места, коментира Шилер.

Според „Apple“, „App Store“ има создено и одржува над 1,9 милиони работни места само во САД. Одделно 1.2 милиони луѓе во Европа и 1.4 милиони во Кина, заработуваат благодарение на „App Store“, коментира компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП