18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија го задржува својот максимален кредитен рејтинг

Германија го задржува својот максимален кредитен рејтинг

berlin

Две рејтинг агенции веќе го потврдија мислењето дека Германија го заслужува својот рејтинг „ААА“. „Fitch Ratings“ го даде максималниот рејтинг на најголемата економија во Европа со „стабилна“ перспектива. Слично е мислењето и на „Standard & Poors“.

„Fitch“ посочи дека Германија има соодветни финансиски ресурси за да се справи со бегалскиот прилив, и предвидува економски раст за 2016-та година од 1,9 отсто.

Агенцијата исто така предвиде дека сојузниот буџет на Германија за оваа година ќе биде избалансиран, откако во 2015-та година забележа суфицит.

„Standard & Poors“ од своја страна ја одредува Германија како модерна и конкурентна економија, затоа што федералната влада спроведува претпазлива фискална политика.

Во петокот инвестициската банка „Goldman Sachs“ предупреди дека економијата на Европа е загрозена токму од бегалскиот бран и од политичката нестабилност. Германија исто така беше наведена како една од земјите за кои постои опасност за политичката стабилност, а причината за тоа се повеќе од 1 милион бегалци кои пристигнаа во земјата во 2015-та година.

Германската канцеларка Ангела Меркел е остро критикувана за политиката кон мигрантите, како од опозицијата, така и во редовите на сопствената партија.

Синоќа на партиската седница во Мајнц, Меркел призна дека бројот на бегалци кои пристигнуваат во Германија е намален, но продолжува да е премногу голем.

„Сега пристигнуваат значително помалку отколку пред тоа, но и понатаму се премногу“, посочи таа, цитирана од агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП