„Boeing“ најверојатно ќе ја задржи титулата на најголем производител во авионската индустрија, откако снабдувањето на концернот достигнаа рекордно високо ниво. Тој забележа раст за 5,4% до 762 авиони во 2015-та година, а 495 од нив се за моделот „737“, кој е со една патека, соопшти „Bloomberg“, повикувајќи се на соопштението на компанијата со седиште во Чикаго.
Целното ниво на испораките во 2015-та година беше меѓу 755 и 760 авиони.
„Boeing“ и неговиот европски конкурент „Airbus“ значително го зголемија производството, бидејќи авиокомпаниите ги обновуваат флотите во позадина на зголемената побарувачка во воздушниот транспорт. Новите модели на „Boeing“, вклучувајќи и различни верзии на „737“ и „787“, користат нови материјали и поефикасни мотори кои штедат гориво.
„Boeing“ е на пат да го стигне „Airbus“ по вкупниот број на испораките веќе четврта година по ред. Во 2015-та година европскиот концерн, со седиште во Тулуз, Франција, доставил 635 авиони, тврди „Bloomberg“, повикувајќи се на свои извори. Претстои „Airbus“ во вторник да ја објави официјална информација.
„Airbus“ сака да ја врати титулата на најголем производител на авиони, откако ќе го зголеми производството на модели со една патека до 60 примероци месечно до 2019-та година. Сега компанијата месечно произведува 42 такви авиони.
Од „Boeing“ изјавија дека испитуваат дали на пазарот и добавувачите можат да го реализираат ваквото зголемување. Во 2015-та година акциите на компанијата поскапеа за 11%, забележува „Bloomberg“.