3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНова апликација ги потсетува жените дека на работа не треба да се...

Нова апликација ги потсетува жените дека на работа не треба да се извинуваат

woman-mobile-phone-sml

Лицата кои умеат да се извинат, воопштено, се сметаат за воспитани, но новата апликација за мобилните телефони ги предупредува жените дека тоа не би требало да го прават пречесто, бидејќи така си го поткопуваат авторитетот, особено на работното место.

Апликацијата наречена „Just Not Sorry“ ќе светне на екранот секогаш кога лицето во смс порака ќе ги напише зборовите како „прости“, „мислам“, „не сум стручњак“, и слично вели авторката на апликацијата Тами Рејс. Досега оваа бесплатна апликација ја симнале 53.000 корисници, тврди.

Другите зборови покрај кои ќе се јави црвено знаменце се типично женски фрази, како „само“, „всушност“, „дали тоа е паметно?“, „ќе се обидам“, вели Рејс и појаснува дека со таквите фрази жените настојуваат да ги ублажат своите барања на работното место и се обидуваат да се допаднат, но притоа се омаловажуваат себеси.

На идејата за креирање на апликацијата, оваа 33-годишна директорка на компанијата „Cyrus Innovation“ дошла гледајќи го популарното видео на комичарката Ејми Шумер за група реализирани жени, кои своите забелешки ги дополнуваат со бескрајни извинувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП