26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW го покажа автомобилот на иднината

BMW го покажа автомобилот на иднината

futur bmw

„BMW“ на најголемиот светски саем за потрошувачка електроника – „CES“ во Лас Вегас, го претстави прототипот на беспилотно возило „i Vision Future Interaction“. Машината е изградена врз основа на концептниот кабрио „i8 Spyder“ и треба да демонстрира најмодерни системи за автономно управување на германската компанија.

Концептот добил проекциски дисплеј од новата генерација, кој ги прикажува информации за моменталната брзина на движење, присуство на разни ограничувања на патот, како и податоците од навигациониот систем.

futur bmw1

На предниот панел се наоѓа 21-инчен дисплеј, кој ги пренесува податоците за условите на патот, како и присуството на други учесници во сообраќајот. При целосно автономен режим на движење овој екран може да се користи за гледање филмови или за сурфање на интернет.

Освен тоа, во предниот дел на кабината се поставени специјални сензори за препознавање на гестови. Тие можат да ги идентификуваат различните движења на рацете, вклучувајќи и имитација на притискање на различните копчиња.

futur bmw2

„BMW i Vision Future Interaction“ располага со три режими на движење – „Pure Drive“, „Assist Mode“ и „Auto Mode“. При првиот од нив за управувањето одговара целосно возачот, а во вториот се вклучени и помошните системи, кои помагаат за избегнување на евентуален судир.

При целосно автоматски режим, возилото се движи самостојно, а електрониката го контролира управувачот, како и педалот за гас и сопирачките. Во овој случај на воланот се влучуваат сини сензори, кои стануваат црвени, ако е потребно возачот да го преземе управувањето поради опасност на патот.

futur bmw3

Освен тоа „BMW“ го покажа во Лас Вегас и прототипот „i8 Mirrorless“, изграден врз основа на каросеријата „i8“. Кај него традиционалните странични ретровизори се заменети со две камери. Сликата од нив е со висока резолуција и се емитува на екранот поставен на местото на огледалото во кабината на возилото.

futur bmw4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП