3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОчилата за виртуелната реалност Oculus Rift ќе чинат 700 евра

Очилата за виртуелната реалност Oculus Rift ќе чинат 700 евра

ocila 35353

По речиси четири години развој очилата за виртуелната реалност „Oculus Rift“ започнаа да се продаваат за обичните корисници. Компанијата „Oculus VR“ веќе прифаќа пред-нарачки за уредот кој ќе чини 700 евра во Европа.

Цените на комплетот варираат според регионот. Најевтин ќе е во САД – 599 долари. Испораките почнуваат пред април годинава, иако некои корисници беа известени дека ќе мора да почекаат дури до мај и потоа. Не е јасно дали причината е ограничена достапност или нарачките кои ги надминаа очекувањата на компанијата.

„Oculus VR“ беше купена од „Facebook“ во 2014-та година за околу 2 милијарди долари. Во профилот на социјалната мрежа Марк Цукерберг најави дека првично за очилата ќе има околу 100 игри и апликации кои ќе се искористат до максимум од виртуелната реалност. Сите тие треба да бидат достапни до крајот на оваа година.

Во комплетот е вклучен сето потребно – очила, далечински управувач, контролер за „Xbox One“, камера за следење на движењето на главата со статив, две игри, сите потребни кабли и куфер за складирање.

За да може да се искористат можностите на „Oculus Rift“, корисникот ќе мора да има и релативно моќен компјутер. Компанијата препорачува минимум процесор „Intel Core i5“, 8GB RAM меморија и графичка од рангот на „Nvidia GeForce GTX 970“ или помоќна.

„Oculus Rift“ ќе се продаваат во 20 земји кои ги имаат потребните сертификати и дозволи. Бројот на земјите ќе се зголемува постепено. Од компанијата додаваат дека сега прифаќаат само нарачки, но не земаат пари од корисниците. Ова ќе се случи дури кога ќе почне снабдувањето и откако ќе се појават коментарите на уредот.

„Имаме доверба во нашиот производ“, коментира на „Twitter“ Палмер Лаки, кој е основач на „Oculus VR“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП