20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на BlackBerry со најголем пад по речиси една година

Акциите на BlackBerry со најголем пад по речиси една година

blackberry_hq

Акциите на BlackBerry доживеа својот најголем пад по речиси една година, следејќи ја распродажбата на берзи. Ова се случи откако извршниот директор Џон Чен најави дека производителот на смартфони оваа година ќе претстави уште еден уред со „Android“, пишува „Bloomberg“.

Новите смартфони укажуваат за повеќе трошоци и помалку профит во една индустрија во која глобалениот удел на пазарот на „BlackBerry“ е под 1%.

Вредноста на акциите на компанијата падна за 8,5% до 8 долари на крајот на вчерашното тргување во Њујорк. Тоа е најголем пад на нивната цена од јануари 2015-та година. Индексот Nasdaq Composite се намалил за 3%, следејќи ги случувањата на светските пазари во оваа недела.

Во средата Чен изјави дека очекува делот за паметните телефони, што во моментов е во загуба, наскоро да почне да генерира профит. CNET пак напиша дека во 2016 година компанијата ќе создаде нов мобилен телефон кој ќе работи со оперативниот систем на Google – Android. Весникот се повикува на Чен, кој изјави дека компанијата ќе продолжи да прави смартфони, ако може да стане делот во профитабилен бизнис.

Дел од инвеститорите инсистираат ЦДА продаде својот бизнис со уреди и да се фокусира на зголемувањето приходи од софтвер, тврди Колин Гилис, аналитичар во BGC Financial.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП