30 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајвисока просечна плата во Словенија, најниска во Србија во регионот за 2015...

Највисока просечна плата во Словенија, најниска во Србија во регионот за 2015 година

plata

Највисоката просечна плата за 2015 година во просторите на поранешна Југославија беше 1.004 евра исплаќана во Словенија, додека најниски примања, само 361 евра земале вработените во Србија, се наведува во анализата на агенцијата Анадолија.

Просечната плата, според последните податоци објавени во октомври, во Македонија изнесувала 365 евра.

Просечната плата во Црна Гора, според податоците од ноември изнесувала 482 евра, во Босна и Херцеговина била 422 евра, додека во Хрватска изнесувала 747 евра.

Просечната плата во Словенија после неколку месеци се вратила над 1000 евра и е за 1,49 евра повисока од јануари 2015 година, додека просечната плата во Хрватска од почетокот на годината е зголемена за 5,44 евра.

Кај нас според последните податоци на Заводот за статистика за октомври 2015 година, просечната плата изнесувала 22.213 денари и во однос на јануари 2015 година е зголемена за 385 денари, која изнесувала 21.828 денари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП