Откако пред околу една година „Chevrolet“ ја претстави новата генерација на седанот „Cruze“, сега американската компанија ја откри и хечбек верзијата на моделот. Таа ќе има официјална премиера на саемот во Детроит кој стартува следната недела.

Хечбекот „Chevrolet Cruze“ го задржува меѓуоскиното растојание од 2,7 метри кое е водечко во сегментот, што го покажува и кај седанот. Багажниот простор нуди волумен од 524 литри, а тој може да се зголеми до 1198 литри при преклопувањето на задните седишта, покажува информацијата.

Во поглед на дизајнот, тој е речиси идентичен со оној кај седанот. Хечбекот сепак изгледа спортски, а во САД ќе се нудат само двете највисоки нивоа на опременост – „LT“ и „Premier“. Ќе биде достапен и дополнителен пакет „RS“ со каков е опремен и моделот на фотографиите.

Во моментов е познат само еден од моторите на хечбекот „Cruze“. Тоа е бензинскиот агрегат со зафатнина од 1,4 литри и турбо. Тој развива 155 КС и 240 Нм, а поврзан со мануелен менувач со 6 степени. Со доплата ќе биде достапен и автоматски менувач со ист број на брзини.
Сите детали за моделот ќе станат јасни за неколку дена во Детроит. Уште од сега, сепак е јасно дека новиот „Cruze“ нема да се нуди во Европа, бидејќи брендот веќе ја прекина продажбата на своите модели на овој пазар.