23 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПогледнете ги смартфоните на Polaroid

Погледнете ги смартфоните на Polaroid

polaroid ddd

Познатата компанија за фотоапарати компанија „Polaroid“ ги претстави првите паметни телефони за време на саемот „CES“ во Лас Вегас.

Тие се од серијата „Polaroid Power“ и „Polaroid Snap“ и се одликуваат со големина на дисплеите помеѓу 5 и 6 инчи. Во 2001-ва година компанијата банкротираше, но успеа да го закрепне бизнис во последните неколку години, па ја прошири својата палета. Производството и дизајнот на смартфоните се дело на компанијата „Southern Telecom“. И додека уредите не се одликуваат со којзнае какви технолошки достигнувања, главна точка во нивната продажба ќе е релативно ниската цена.

polaroid ddd1

Најскапиот модел на компанијата е „Polaroid Power“. Тој е со 6-инчен HD дисплеј, 3 GB RAM меморија и 32 GB внатрешна. Меѓу неговите најзначајни компоненти е 13-мегапикселната задна камера со двоен LED-блиц, како и 8-мегапикселна предна камера. Капацитетот на батеријата е исто така задоволителен при ниво од 3.000 mAh. Уредот е позициониран во средниот ценовен опсег при ниво од 249.99 долари.

Другите модел од серијата „Snap“ ќе се одликуваат со quad-core процесор, 2 GB RAM меморија и 16 GB внатрешна меморија. Резолуција на екранот им исто така ќе е HD. Заднaта камера повторно е 13 мегапикселна, а предната од 5 мегапиксели.

polaroid ddd2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП