2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTwitter работи пораките да имаат повеќе од 140 знаци

Twitter работи пораките да имаат повеќе од 140 знаци

tv

Мрежата за микроблогирање Twitter работи на функцијата којашто ќе овозможи да се укине ограничувањето на пораките на популарните твитови на 140 знаци, пишува во вторникот специјализираната страница Re/Code.

Групацијата Jack Dorsey во моментов го испитува тој производ по називот „Повеќе од 140“ (Beyond 140), со кој треба да се зголеми бројот на корисниците, во прв ред во областа на комуницирањето меѓу компаниите.

Конкретно, „твитот“ и натаму ќе се појавува со 140 знаци, но кога корисникот ќе притисне на пораката ќе може да го види целиот текст кој ќе може да содржи до 10.000 знаци, наведува Re/Code, повикувајќи се на анонимни извори.

Таа алатка за објавување на подолги текстови би можела да почне да се применува кон крајот на првото тримесечје од 2016 година.

Од оваа американска компанија засега не одговараат на прашањата на AFP.

Правилото за 140 знаци е донесено во 2006 година, кога е основан Twitter, кој во почетокот беше услуга преку смс пораки. Изминатово лето, беше укинато ограничувањето од 140 знаци за приватните пораки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП