15 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е новиот Mercedes-Benz E-Class (фото+видео)

Ова е новиот Mercedes-Benz E-Class (фото+видео)

emecka 00

Премиерата на новата генерација на „Mercedes-Benz E-Class“ ќе се случи за неколку дена во Детроит, но уште денес можеме да видиме како изгледа моделот. Распространетата галерија со слики го открива како екстериерот, така и внатрешноста на германската лимузина.

emecka 01

Дизајнот на целосно новиот „E-Class“ не е изненадување, бидејќи е многу близок до оној на веќе прикажаните „S-Class“ и „C-Class“. Разликата е во масовната решетка на ладилникот, првите светла со две „LED“ секции и оние „LED“ од позади со хромирана лајсна меѓу нив.

emecka 02

Слични со новите „S-Class“ и „C-Class“ се и решенијата во внатрешноста. Може да се видат два големи екрани, едниот ги заменува апаратите на таблата со инструменти, а другиот, кој се наоѓа на централната конзола, е одговорен за инфо-забавниот систем на возилото.

Официјална информација за техничките параметри на новиот „Mercedes-Benz E-Class“ не е достапна, но германското издание „Auto-Presse“ наведува дека моделот има коефициент на влечење од само 0,23. Должината пак достигнува 4923 см.

emecka 03

Се очекува дека на премиерата, моделот ќе биде претставен со еден дизел и еден бензински мотори. Дизелот е целосно нов со зафатнина од 2,0 литри и моќност од 200 КС, а ќе троши во просек по само 3,9 л / 100 км. Бензинот е со зафатнина од 2,0 литри, но во моментот нема информации за силата.

emecka 04

Во подоцнежна фаза новиот „E-Class“ ќе треба да предложи и хибридна верзија – „E350e“. Тој ќе се потпира на 2.0-литарски бензински агрегат, електромотор и батерии кои можат да се полнат на електричната мрежа. Вкупната моќност на системот ќе биде 280 КС.

emecka 05

Во палетата на моделот ќе се најдат уште два дизели со 150 и со 258 КС, како и два бензинци со 183 и 333 КС.

Сите детали за новиот „Mercedes-Benz E-Class“ ќе станат јасни на 11-ти јануари, кога автосаемот во Детроит ќе ги отвори вратите за посетители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП