22 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLenovo ќе претстави лаптопи со уникатни карактеристики

Lenovo ќе претстави лаптопи со уникатни карактеристики

le laptop 00

За време на саемот во Лас Вегас, најголемиот светски производител на лаптопи ќе претстави многу нови производи. Два од нив се лаптопите, кои најверојатно ќе привлечат најголемо внимание.

le laptop 01

Првиот е „YOGA 900S“. Тој, според кинеската компанија, е најтенкиот ултрапреносен лаптоп во светот. 13-инчен уред е со дебелина од само половина инч (1,25 cm). Тој е исклучително лесен – тежи 997 грама. Моделот го користи последниот процесор на „Intel“ – „Skylake Core M7“, што придонесува за исклучително долго траење на батеријата од 10,5 часа.

Тој лесно може да се трансформира во таблет, лаптоп или да се користи во позиција „шатор“. Уредот ќе е достапен во март по цена од 1.100 долари. Ќе се нуди во златна и сребрена боја.

le laptop 02

Од „Lenovo“ ќе претстават и уште еден иновативен лаптоп – „X1 Yogа“. Тој се одликува со 14-инчен дисплеј со технологијата „OLED“. И иако оваа технологија да е добро позната кај телевизорите, таа се уште не е навлезена кај лаптопите. Тоа ќе биде прв лаптоп со екран со слична технологија. Лаптопот е придружуван од паметно пенкало, со кое директно може да се пишува на екранот. Тој се очекува да се појави на пазарот во април по цена од околу 1.700 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП