21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Citroen C6 тргнува од Кина

Новиот Citroen C6 тргнува од Кина

sestica citroen 33

Раководството на кинеско-француското заедничко вложување „DPCA“ (Dongfeng Peugeot Citroen Automobile) најави дека во септември ќе ја покаже новата генерација на бизнис-седанот „Citroen C6“.

Машината сепак ќе се разликува од својот претходник, бидејќи ќе биде обична и стандардна, а нејзини главни конкуренти на пазарот во Кина ќе бидат „Ford Taurus“ и „Toyota Crown“, објави „Chinacarnews“.

На изглед новиот седан ќе наликува на концептот „Citroen Metropolis“ кој беше прикажан во 2011-та година. Во основата на моделот ќе биде платформата „EMP2“, која е користена и за „Peugeot 308“ и „Citroen C4 Picasso“, но меѓуоскиното растојание на „C6“ ќе биде зголемено до 2900 мм, како што беше и кај претходната генерација на моделот.

Користењето на ова шасија ќе го ограничи изборот на мотори до користењето само на 4-цилиндричен. Главно производителот ќе се обложува на 1,8-литарски „THP“ мотор со моќност од 200 КС. Овој агрегат веќе се наоѓа во неколку модели на „Peugeot“ и „Citroen“ за кинескиот пазар.

Според информациите новиот „Citroen C6“ ќе се нуди само во Кина. За европскиот пазар Французите работат на сосема поинаков автомобил кој ќе биде доста луксузен и модерен и ќе се нуди под брендот „DS“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП