20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција се жали на СТО поради руските санкции

Турција се жали на СТО поради руските санкции

rus

Турција поднесе жалба до Светската Трговска Организација(СТО) и меѓународните судови поради руските економски санкции против Анкара, изјави денес турскиот министер за економија Мустафа Елиташ.

Тој истакна дека на турските компании во малите руски градови ширум Русија се врши притисок своите акции да ги пренесат во сопственост на руските партнери.

“Трговијата мора да има морална основа. Овие претприемачи покажаа доверба спрема руската влада, инвестирајки во таа земја. Ќе се обратиме на меѓународните судови како би ги повратиле правата на овие компании, изјави министерот Елиташ”.

Односите меѓу Русија и Турција се влошија откако турската војска го собори рускиот борбен авион на 24 ноември.

После тоа, рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека таквиот чин од страна на Турција ќе има “сериозни последици” по односот на двете земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП