6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG најави премиера на два нови смартфони - K10 и K7

LG најави премиера на два нови смартфони – K10 и K7

k7 lg e33

Јужнокорејскиот производител „LG“ ќе претстави два нови модели на смартфони за време на саемот во Лас Вегас – „LG K10“ и „LG K7“, според објавеното соопштение на компанијата.

Двата нови модели ќе ги заменат сегашните телефоните од серијата „L“ на „LG“. Од производителот изјавија дека новите модели се фокусирани на создавање и преглед на мултимедијални содржини.

Моделот „K10“ пример се одликува со 13 мегапикселна задна и 8 мегапикселна предна камера. Од „LG“ ги одредуваат камерите на овој смартфон како најнапредни на уред во овој ценовен сегмент.

Некои од популарните карактеристики за „LG“ се имплементирани кај двата смартфони, меѓу кои фотографирањето со гест.

Смартфонот „LG K10“ се одликува со 5,3 инчен дисплеј со резолуција од 720 x 1280 пиксели, „quad-core“ процесор со фреквенција од 1.2 или 1.3 GHz. Тој ќе се нуди во три варијанти со 1, 1,5 и 2 GB RAM меморија. Корисниците ќе можат да избираат меѓу 8 и 16 GB внатрешна меморија. Батеријата ќе има капацитет од 2.300 mAh. Боите во кои ќе се нудат, се три – златна, бела и индиго, а пак дебелината на уредот е 8,8 мм.

Моделот „LG K7“ е со 5-инчен дисплеј со резолуција 480 x 854 пиксели. Процесорот е „quad-со“ со фреквенција од 1.1 GHz, а ќе се нуди во две варијанти – со 1,5 GB RAM меморија и 16 GB внатрешна, или 1 GB RAM меморија и 8 GB внатрешна меморија. Уредот ќе се предалага со 8 или 5 мегапикселна задна камера и 5 мегапикселна предна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП