21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИAdidas со рекордни приходи во Кина

Adidas со рекордни приходи во Кина

adidas kina 22

Германскиот производител на спортска опрема „Adidas“ постигнал рекордни приходи во Кина во 2015-та година.

„Во Кина ние ќе поставиме рекорд според приходите за 2015-та година во износ од над 2 милијарди евра. Така земјата станува за нас вториот најважен пазар по САД и тоа покрај економските проблеми“, вели претседателот на одборот на директори Херберт Хајнер пред „Süddeutsche Zeitung“.

И за фискалната 2016-та година Хајнер е прилично оптимист. „Јас сум убеден во успехот, нашиот „тефтер“ со договорите за првото полугодие на 2016-та година е полн. Како концерн планираме значителен раст на приходите и профитот“, вели тој.

Во САД тие се прилично позитивно настроени и ќе инвестираат. „Можам да ветам двоцифрен раст на приходите на брендот „Adidas“ во САД“, вели Хајнер.

Покрај тоа, тој предвидува и одржлив траен раст: „На долг рок ќе има двоцифрен раст секоја година, тоа е нашата цел“.

„Adidas“ полага големи надежи на Европското првенство во фудбал во оваа година. За 2016-та година производителот очекува апсолутен рекорд на приходите од фудбалските производи, значително над прометот од 2,1 милијарди евра, постигнат за време на Светското првенство во 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП