Потполно новиот „Impala“ модел на компанијата „Chevrolet“ почна да ја напушта производната лента во фабриката која се наоѓа во местото Ошава. Овој модел ќе започне да се испорачува во продажните салони на „Chevrolet“ во текот на месец април.
Новиот модел го демонстрира новиот правец по кој се движи компанијата „Chevrolet“.
Овој автомобил исто така ќе се произведува и во фабриката на „General Motors“ во Детроит, но од мај месец. Овој модел има неколку нови карактеристики вклучувајќи ја и адаптивната контрола на движење како и технологијата за избегнување на несреќа „Rear Cross Traffic Alert i Side Blind Zone“. Инаку што е интересно ова возило има вкупно десет воздушни перничиња, со што го прави овој модел да е меѓу најбезбедните во светот.