25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДневната цена на ски билетот во Австрија и над 50 евра

Дневната цена на ски билетот во Австрија и над 50 евра

st anton 335

Цените за скијање во Австрија продолжуваат да растат, па дневната цена на ски билетот во центрите како Кицбил и Солден, за првпат надмина 50 евра, објави австриското здружение на потрошувачи.

Просечната цена на дневниот ски билет во Австрија е за 3,6 отсто повисока од минатата сезона.

Една од поевтините области е Венигзел во Штаерска, каде што дневен билет чини 19,90 евра. Во Регал, во покраината Ворарлберг, цената е 21,50 евра.

Скијачите се принудени да користат жичници до скијачките патеки, бидејќи сообраќајот до нив е во главно затворен, а забрането е и паркирање на високите надморски височини. Секоја компанија за одржување на жичниците, ги одржува и своите скијачки патеки.

Австриското здружение на потрошувачи објави дека од 2004 година цените на скијањето во Австрија вкупно пораснале за 41 отсто. Скијачката индустрија тврди дека поскапувањата биле нужни бидејќи во скијачките патеки и сервисните објекти биле инвестирани милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП