10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Alpine излегува следниот месец (фото)

Новиот Alpine излегува следниот месец (фото)

n alpine

Првиот модел на ревитализираната марка „Alpine“ ќе биде прикажан во почетокот на февруари оваа година, објави француската компанија. Тоа ќе биде спортско купе, изработено во стилот на концептот „Celebration“.

За заживување на „Alpine“ се проговори пред повеќе од две години, а сега од компанијата официјално објавија дека серискиот модел ќе биде прикажан на 16-ти февруари. Познато е дека тој ќе биде речиси аналоген со концептот „Celebration“ прикажан во средината на 2015-та година.

Се очекува дека спортската машина ќе го добие името „Alpine A120“, како продолжение на последниот модел на марката – „A110“.

n alpine1

Што се однесува до погонот, тој најверојатно ќе биде доверен на 1,8-литарски мотор со турбо и моќност од околу 300 КС. Тоа значи сериозна динамиката, бидејќи вкупната маса на „Alpine A120“ нема да надминува 1100 килограми. Трансмисијата ќе биде автоматска со две спојки „EDC“, позната од „Clio RS“ и „Megane GT“.

Од француската компанија „Renault“, која е сопственик на брендот „Alpine“, нагласуваат дека бавно ја одложувале премиерата на моделот, бидејќи сакале да се доживее секој детал.

n alpine 2

„Не сакаме да претставиме производ кој не е апсолутно совршен“, се вели во пораката.

Информацијата за цената на новиот „Alpine“ недостасува, но се знае дека автомобилот ќе конкурира на машини од категоријата на „Porsche Cayman“ и „Alfa Romeo 4C“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП