18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНафтените компании ги кратат инвестициите и во 2016-та

Нафтените компании ги кратат инвестициите и во 2016-та

oil companies11

Најголемите светски производители на нафта и гас, при најниско ниво на цената на сировата нафта за 11 години, најавуваат натамошно смалување на инвестиции, продажба на имоти и укинување на работни места, но се очекува да ги задржат дивидендите кои ги бараат инвеститорите.

Актуелната цена на нафтата е околу 37 долари за барел, што е значително под 60 долари, колку што им е потребно на компаниите како што се Total, Statoil и BP за да ги врамнотежат своите биланси, на ниво кое веќе е остро намалено во последните 18 месеци, откако цените на нафтата паѓаат.

Меѓународните нафтени компании и во 2016-та година ќе бидат присилени да ја намалат потрошувачката, да продаваат имоти, да кратат работни места и да ги одложат проектите со оглед дека цената на нафтата не покажува знаци на закрепнување.

Американските производители Chevron и ConocoPhillips објавија дека планираат да ги намалат буџетите за една четвртина во 2016-та година. Royal Dutch Shell исто така најави пад на потрошувачката за дополнителни 5 милијарди долари, доколку продолжи планираното преземање на BG Group.

Се очекува дека глобалните нафтени и гасни инвестиции ќе паднат во 2016-та година, на најниско ниво за шест години, на 522 милијарди долари, по падот од 22 отсто на 595 милијарди долари во 2015-та година, покажуваат прогнозите на консултантската компанија од Осло, Rystad Energy.

„Ова е прв пат од кризата на пазарот на нафта во 1986-та година инвестициите да паднат две години по ред“, наведуваат од компанијата.

Но, со релативно низок сооднос на долг и должнички капитал во секторот од околу 20 отсто и помалку, извори од индустријата тврдат дека компаниите уште повеќе ќе се задолжуваат за да го покријат дефицитот во приходите и  да ги заштитат дивидендите.

На пример, Shell ја нема намалено дивидендата од 1945-та година, а оваа традиција актуелното раководство не сака да ја прекине.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП