2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЦукерберг планира годинава личен асистент со вештачка интелигенција

Цукерберг планира годинава личен асистент со вештачка интелигенција

robot 335

Основачот на Facebook Марк Цукерберг сака да изгради личен асистент со вештачка интелигенција во 2016 година, кој би му помагал во домашните и во другите работи.

Цукерберг, кој секоја година себеси си поставува некоја лична цел, го претстави својот план за 2016 година на својот профил на социјалната мрежа Facebook.

„Можете тоа да го замислите како Џервис во ‘Ајрон Мен’“, напиша потсетувајќи на роботот од стриповите и филмот на американскиот издавач „Marvel“.

Својот проект ќе го започне со истражување на веќе постојната технологија, а потоа ќе го подучува роботот да го разликува и разбира неговиот глас, за да би можел да контролира сé во својот дом, како осветлувањето, температурата и музиката.

Сака неговиот асистент да им ја отвора вратата од неговиот дом на неговите пријатели, така што ќе ги погледа нивните лица кога ќе ѕвонат, пишува основачот на Facebook. Роботот би требало визуелно да ги обработува податоците и така на Цукерберг да му помага во работењето.

Цукерберг напиша и дека развојот на роботот за него би претставувало „забавен интелектуален предизвик“ и најави дека со своите пријатели на Facebook сака да ги споделува искуствата за тој проект.

Меѓу другите предизвици коишто си ги зададе Цукерберг минатите години беа да се читаат две книги месечно и да го научи кинескиот јазик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП