28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе пари во здравството за нови методи и отворање ПЕТ центар

Повеќе пари во здравството за нови методи и отворање ПЕТ центар

pet centar 34535

Отворање ПЕТ центар, повеќе пари во јавното здравство, за ортопедски помагала, за бесплатно Ин Витро, за повеќе и подостапни лекови, се предвидува со новиот Буџет на Фондот за здравствено осигурување во 2016 годинa, кој изнесува 25 милијарди и 575 милиони денари.

Овој буџет е за 1,4 милијарди денари повисок од минатата година, т.е. повисок е за 5,85%. Буџетот од околу 25,6 милијарди денари е двојно повисок во споредба со 2000 година е формиран фондот и кога изнесувал 12,5 милијарди денари.

„За правилна и транспарентна распределба на буџетот изминатите два месеци имавме преговори со чинителите на здравствениот систем и методолошки го распределивме помеѓу ЈЗУ и ПЗУ. Изминатата година воведовме нова пракса, а тоа е дел од преговорите и договарањето на буџетите за 2016 година да биде дел во самите здравствени установи како и во ФЗО“, рече директорот Сашо Стефановски.

Во 2016 година ЈЗУ ќе добијат 54 отсто од буџетот на ФЗО, ПЗУ ќе добие 31 отсто, надоместоци за породилно и болест 10%, ортопедски помагала 2%, 1% лекување во странство, 2% за функционирање на Фондот (плати, возила, капитални инвестиции и софтвер).

„Во 2016 година во прераспределбата на средствата зголемуваме 860 милиони денари на Јавните здравствени установи со што му даваме сериозен поттик и поддршка на јавното здравство“, рече Стефановски.

Зголемените средства се наменети за нови здравствени услуги со воведување на нови методи за лекување; зголемување на вид и обем на постоечки здравствени услуги, финансиска одржливост на здравствените установи и потреба од финансирање за нивно функционирање, новите вработувања на специјализиран кадар (трансформации и превземања од ПЗУ) и зголемување на плати за определени категории на здравствени работници.

„Oваа година за прв пат одвојуваме средства за нова здравствена установа која е од огромно значење за македонскиот здравствен систем. Оваа година се очекува почеток на работата на Пет центарот, а ние како фонд определивме почетен буџет за првично функционирање на Пет центарот“, рече директорот Стефановски.

Буџетот до 1,4 милијарди денари (540 милиони денари) се прераспределува за повеќе лекови на рецепт и поголема достапност на лекови по аптеките, зголемен број на дијализни третмани, поголем број на ин-витро случаи како и покривање на партиципацијата за ин-витро за пациентите (од 13.11 комплетно бесплатно) како и обезбедени средства за матичните лекари и стоматолози за зголемената вредност на катипацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП