3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗимската служба на Град Скопје подготвена за расчистување на снегот

Зимската служба на Град Скопје подготвена за расчистување на снегот

sneg

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски во неделата го посети пунктот на зимската служба на главниот град во општината Кисела Вода, еден од двата пункта каде се сместени возила и сол за потребите на ова јавно претпријатие.

„Градот Скопје и оваа година подготвено ја дочекува зимата, чии служби се подготвени за одржување на магистралните и на собирните улици на подрачјето на Скопје во зимски услови“, рече скопскиот градоначалник.

Трајановски прецизираше дека годинава Град Скопје за справување со снежните врнежи и чистење на магистралните и на собирните улици кои се во надлежност на Градот, располага со повеќе од 30 возила и 2.500 тони сол, од кои 1.500 тони во пунктот во Кисела Вода, а остатокот во Бутел.

„Покрај возилата на Јавнтоо претпријатие ‘Улици и патишта’, доколку се појави потреба, ќе биде ангажирана дополнителна градежна механизација. Во текот на денешниот ден екипите на зимската служба дејствуваа на територијата на Радишани, населбата Даме Груев и населените места во високите зони на Водно“, рече градоначалникот Трајановски.

Екипите на зимската служба во наредниот приод ќе ја следат состојбата во текот на 24 часа и ќе интервенираат секаде каде што ќе се појави потреба.

Скопските власти апелираат, исто така, до сите стопански субјекти во градот и до сите граѓани, да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапите до нивните деловни, односно станбени објекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП