4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 8.700 вработувања со владиниот Оперативен план за 2016-та

Нови 8.700 вработувања со владиниот Оперативен план за 2016-та

aaa

Околу 8.700 лица се очекува да се вработат со новиот Оперативен план за вработување за 2016 година, изјави во неделата премиерот Никола Груевски, прецизирајќи дека со оваа владина мерка ќе бидат опфатени вкупно 13.500, од кои покрај спомената бројка која се очекува да се вработат, другите ќе минат обуки.

Груевски наведе дека очекува веќе околу 15-ти јануари да биде објавен и конкурсот за првата програма од Оперативниот план за вработување.

„За оваа цел ќе бидат инвестирани 11,5 милиони евра кои се предвидени во Буџетот и се изгласани во Собранието. Ова ќе биде уште еден придонес кон намалување на невработеноста, односно зголемување на вработеноста. На многумина кои во моментов немаат вработување, преку серијата мерки кои се влезени во Оперативниот план, а кои ги има околу дваесет, ќе им биде овозможено вработување“, рече за новинарите премиерот Никола Груевски по промоцијата на новите дела од едицијата на „Ѕвезди на светската книжевност“ во Порта Македонија.

Во врска со проектите во текот на следната година, Груевски истакна дека е предвидено ново зголемување на пензиите за 5 отсто, со што од доаѓањето на неговата  Влада во 2006 година, најниската пензија е зголемена за 94 отсто, а просечната за 79 отсто.

Оценувајќи дека тоа претставува огромно зголемување за пензиите, премиерот рече дека новото петпроцентно зголемување на пензиите ќе биде со септемвриската пензија.

„Со зголемувањата на пензиите, на пример пензионер кој во 2006 година земал најниска пензија, односно 4.300 денари, веќе во октомври годинава со најновото зголемување ќе зема 8.400 денари пензија, што е без малку двојно“, појасни Груевски порачувајќи дека неговата влада се трудиме секоја година да растат пензиите.

„Тоа е и наше ветување што сме го дале и тоа ветување го реализираме“, истакна Груевски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП