26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонците најмногу на зимување во Банско и Боровец

Македонците најмногу на зимување во Банско и Боровец

borovecnocnestaze

Банско и Боровец во Бугарија и годинава се топ дестинации каде што македонските граѓани ќе зимуваат, додека интересот за Копаоник и за Златибор во Србија е помал.

Се нудат разни аранжмани за сместување во хотели со вклучени спа центри до вили целосно опремени, а во некои од нив има и сауни.

Цените се различни во зависност од аранжманот, категоријата на хотелот, понудата и временскиот период, но во просек се движат околу 30 евра од лице за полупансион.

Сепак, туристичките агенции велат дека аранжманите за Банско се најмногу барани, по што следуваат понудите за Боровец и Пампорово кои исто така се познати зимски туристички центри во Бугарија.

Причината за тоа што македонските граѓани се повеќе заинтересирани за зимување во Бугарија отколку во соседна Србија се пониските цени на аранжманите. ­ Главно граѓаните се интересираат за Банско, но и за Боровец.

Цените се слични како минатата година, а и интересот е горе­ долу ист како лани, велат од туристичката агенција „Атлас Корпорејшн“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП