6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако брзо и лесно да ја ослободите меморијата во телефонот

Како брзо и лесно да ја ослободите меморијата во телефонот

memorija telefon 335

Меморија во смартфонот никогаш не е доволна. Иако сакате сите фотографии и песни да ги носите секаде со себе, сепак од време на време морате да ја ослободите меморијата на телефонот. Ако ништо друго, тогаш поради самиот уред кој ќе работи побрзо.

Еве и неколку совети кои можеби веќе ги знаете, но нема да пречи да ве потсетиме повторно.

Ослободете се од старите фотографии и видео записи.

Доколку споделувате фотографии на „Facebook“, „Instagram“ или „Twitter“, тие секогаш ви се достапни, па нема потреба да имате уште една копија која ја чувате во телефонот. Со други зборови – избришете ги дупликатите. Притоа ќе пронајдете фотографии и видео записи кои никогаш не ги гледате. Избришете ги и нив!

Префрлете ги видео записите и фотографиите на безбедно.

Доколку го загубите телефонот или ви се расипе без можност за поправка, сите ваши фотографии и видео записи ќе бидат уништени. Затоа од време на време префрлувајте ја целата содржина на безбедно – компјутер, надворешен хард диск или во „Cloud“. Откако ќе ги архивирате, избришете ги од телефонот.

Избришете ги апликациите кои не ги користите.

Сигурно имате барем една апликација која сте ја инсталирале и никогаш не сте ја отвориле. Доколку не ви била потребна досега, нема ниту понатаму да ви треба. Избришете ја и ослободете ја меморијата на телефонот.

Наместо „MP3“ користете стриминг апликации.

„Google Play Music“, „Deezer“ и „Spotify“ се меѓу најпопуларните, но постои и низа други музички апликации кои ќе ја заменат вашата колекција на песни во телефонот, а со тоа ќе ја ослободите меморијата. Единствено е важно да имате доволно сообраќај на податоци во склоп на вашата претплата.

Проверете ја резолуцијата на снимање.

Навистина сакате секое видео да го снимате во „Full HD“ резолуција? Размислете повторно, наместете нешто пониска резолуција, па видео записите нема да зеземаат толку простор на телефонот.

Kористете ја вашата „microSD“ картичка.

Што можете, префрлете на мемориската картичка. Ако вашиот телефон има можност за проширување на меморијата, префрлете ги фотографиите, видео записите и сличните датотеки на мемориската картичка и телефонот ќе работи побрзо и постабилно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП