1 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLand Rover е подготвен со новиот Discovery

Land Rover е подготвен со новиот Discovery

dis land

Новата генерација на „Land Rover Discovery“ е завршена и теренецот наскоро ќе биде прикажан пред публика. Ова го тврди изданието „Autocar“ кое нуди и свое видување за тоа како ќе изгледа легендарниот автомобил.

Според информациите „Discovery“ е изграден во стилот на „Range Rover“ и „Range Rover Sport“. Петтата генерација на моделот исто така ќе користи алуминиумска шасија, што ќе овозможи намалување на бруто тежината на возилото. Во компанијата се обложуваат на воздушното потпирање, комбинирано со системот за адаптација кон различни тротоарите „Terrain Response“.

Првично основен мотор за теренецот на европскиот пазар ќе биде модернизиран 3,0-литарски турбо дизел „SDV6“ со моќност од 249 КС и 600 Нм, кој се нуди и кај „Range Rover“. Во подоцнежна фаза треба да излезе и 2,0-литарски бензински мотор со 4 цилиндри од семејството „Ingenium“, кој ќе биде во основата на хибриден агрегат.

Машината ќе нуди и голем број на помошни системи, меѓу кои ќе биде и „транспарентната“ хауба кој му овозможува на возачот да гледа пред предните тркала при искачување. Предвидено е и далечинско управување на теренецот кој ќе го предводи семејството „Discovery“. Во него веќе и „Discovery Sport“, а според главниот дизајнер на брендот Џери Макговерн претстои излегувањето и на уште еден, трет модел – компактен „SUV“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП